еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Нападнат полицаец пред израелската амбасада во Белград, чинот оценет како терористички

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека околу 11 часот непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел застрелал полицаец кој бил на безбедносна должност во израелската амбасада, удирајќи го во вратот, пренесоа српските медиуми.

М.Ј. (1990) во самоодбрана употребил оружје и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.

Полицаецот со стрела во вратот бил пренесен во Ургентен центар, каде што лекарите му ја извадиле стрелата и му ги санираат повредите.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека се истражуваат сите околности на нападот и можните мотиви, а чинот го оцени како терористички.

Израелското Министерство за надворешни работи денешниот напад исто така го окаректеризира како „обид за терористички напад“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од Обвинителство за Јакимовски: „Масакр“ на буџетот на Општина Карпош

Редакција

ЕДС одбележува 10 години постоење – една деценија стабилен снабдувач и сигурен партнер

Редакција

За помош на населението на Украина може да донирате на 143 400 и на отворените сметки преку Црвен Крст

Редакција