еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Апел: На пеколните горештини, обезбедете достапна вода за животните!

Со оглед на тоа што деновиве температурите во целата држава се екстремно високи, а метеоролозите најавуваат дека во наредниот период ќе се уриваат температурни рекорди, апелираме до граѓаните да не ги забораваат животните и да обезбедат свежа вода пред нивните порти и влезови на згради, со цел да се освежат напуштените животни и птици, апелираат од Лајка.

„Исто така препорачуваме да ја менувате водата неколку пати во текот на денот, за да биде што е можно свежа. Замолуваме секако да се внимава на уредноста и не се нарушува комуналната хигиена.

Сметаме дека ваквиот потег никого од нас не не чини ништо, а од друга страна правиме големо хумано дело, бидејќи напуштените животни и птици поради крзното и пердувите тешко поднесуваат високи температури, па затоа во недостиг на вода неретко паѓаат немоќни и зашеметени, страдаат од срцев удар.

Исто така  апелираме до сите сопственици на домашни миленици да не ги изнесуваат животните на прошетка кога се високи температурите, туку тоа да го прават рано наутро или навечер.

Сите оние сопственици кои чуваат миленици во своите дворови се должни да им обезбедат сенка, и свежа вода. Држењето на животните на ланец или изложени на сонце без да можат да се засолнат е мачење и кривично дело,“ се вели во апелот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради случаи на деца со тешки постковид компликации, во „Аџибадем Систина“ стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести

Редакција

Сончево и топло време денеска, до 33 степени

Редакција

Заклучоците на Собранието ќе бидат водилка на оваа и на идните влади во ЕУ процесите, вели Ковачевски

Редакција