еМагазин
Image default
Македонија

Францускиот амбасадор во Македонија го бендисал филмот на Бојаџи, „Ругање со Христос“

Режисерот на „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи, на својот Фејсбук профил напиша дека на Кристиан Тимониер, францускиот амбасадор во Македонија, му се допаднал неговиот филм, кој што Министерството за култура побара да се забрани.

“Ти благодарам. Го гледав филмот вечерва. Повеќе го разбрав како медијација врз наследството на културата на насилство, отколку било што друго и пред се како химна на животот и љубовта. Ти благодарам за ова“, му напишал Тимониер на Бојаџи.

“Му благодарам на амбасадорот на Франција за вниманието и интересот за филмот “Ругање со Христос“ и за мојата работа како уметник воопшто. Долги години избегнував вакви средби. Ги сметав за “кодошење“ на сопствента земја кај странци. Но веќе немам избор. Си ветив, ќе отидам кај секого каде што ќе можам да Ве демаскирам, раскринкам и докажам дека ги лажете за тоа што сте: лажни левичари кои подржуваат милитаристички организации, псевдо уметници кои забрануваат и подржуваат забрана на уметност, конвертити чии татковци и дедовци биле антизападни бољшевици и каповци на комунистичките тајни служби, црвена буржуазија која триесет години создава конфликти од кои се храни и живее! Борбата е тешка. Ама ќе победиме. Вистината, секогаш победува, нели?“, пишува Бојаџи.

Фото: Фејсбук/Бојаџи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов му даде подршка на Јани Бојаџи

Јани Бојаџи: Татко ми се врати дома

Ганка Цветанова: Апсењето на таткото на Бојаџи е типично УДБАшка метода за оцрнување на луѓе и цели семејства

„Интересен тајминг“ за апсење на таткото на Јани Бојаџи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Барокен замок на два ката, со огромен балкон и базен планирал да гради Груевски на Водно

Редакција

Кривична за фабрика за канабис од кумановско

Редакција

Судската постапка тапка во место: По петти пат почнува од почеток судењето за „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета Канческа Милевска

Редакција