За неколку дена ќе поминат два месеци откако исчезна скопјанката Лидија Трајковска (43) .
Таа исчезна на 8. ноември.
За нејзиното исчезнување нема нови информации од Министерството за внатрешни работи
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата најде неколку предмети на исчезната Лидија Трајковска
Последната беше дека се пронајдени неколку нејзини предмети.
Нејзиниот брат Александар Јоциќ и сестра Билјана сега бараат полиграфско тестирање за нејзиниот сопруг и уште едно лице, објави Фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Јави се од некаде„: И сопругот на исчезната Лидија испрати апел
Јоциќ за Фокус вели дека секојдневно оди по течението на реката Вардар и сам ја бара сестра му, иако како што вели не можат да тврдат дека е во реката.
-За да ни се тргне тој сомнеж, ги молам институциите да ангажираат добро опремени нуркачи, да се провери коритото на реката детално!
Што ако навистина е во реката и телото е заглавено помеѓу гранки и секаков отпад кој се наоѓа внатре, во водата? Зарем треба само да чекаме сестра ми од некаде да се појави, и да кренеме раце од потрагата по неа?, вели тој и обвинува за недоволна ангажираност од страна на институциите.
Апелира до надлежните во случајот, да извршат полиграфско тестирање на две лица, сопругот на Лидија, но и на лице кое било во врска со неа, а чиј идентитет и бил познат на полицијата.
-Има бројни коментари да не ја бараме Лидија, бидејќи наводно побегнала со „кумот”. Такво нешто нема, ете го “кумот”, кој всушност и не и е кум на сестра ми, овде е, никаде не е побегнат, а полицијата го знае неговиот идентитет.
Од страна на полицијата ни беше кажано дека имала врска со тоа лице, па еве јавно прашувам, во еден ваков случај, зошто тоа лице не се стави на полиграф? Зошто и сопругот на Лидија се уште не е ставен на полиграф? На сите до еден нека ни направат полиграфско тестирање, нека се дознае вистината веќе еднаш, бидејќи живееме во агонија, вели тој.
Истото го бара и сестрата на Трајковска.
-Ние, како сестра и брат на Лидија, не се откажуваме од потрагата по неа и секако, потрагата по вистината. До последен здив ќе бараме да дознаеме што и се случило! Родителите ни се разболеа, немаме сили, бараме, размислуваме за неа деноноќно, се бориме со ветерници цело ова време.
Но, сами ли да бараме? Нашите институции немаат ниту кучиња обучени за потрага по луѓе!
Мене лично од полиција ми имаат кажано дека најверојатно Лидија е во Вардар. Ако се сомневаат дека е таму, зошто не ја најдат? Сакавме да ангажираме стручни тимови од соседна Србија, да помогнат во пребарувањето на реката, ама нашите ни рекоа дека нема потреба од помош од страна.
Штом нема потреба, зошто тие веќе 50 дена не можат да ја најдат? Што е тоа кое е поприоритетно од човечкиот живот? Нека се ангажираат масовно Тигрите и да бидеме на чисто околу тоа дали Лидија е во реката и што и се случило, вели таа за Фокус.
Во Македонија полиграфското тестирање е доброволно, и ако испитаникот се согласи со истото, потпишува писмена согласност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За исчезната Лидија Трајковска пишуваат и српските медиуми
На семејството на Лидија му барале пари за информација за исчезната скопјанка