еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што ги предомисли пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ, Александрова и Исмајловска да гласаат „за“

Пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова и Нола Исмајловска – Старова само пред неколку дена имаа сосема други ставови за договорот за името со Грција и промената на Уставот со која Македонија ќе добие ново име – Северна Македонија.

Во петокот пак тие одлучија да гласаат „за“ старт на уставните измени, по што беа исклучени од партијата.

Александрова, пред неколку дена имаше став дека никој нема право и мандат да го менува Уставот и уставното име на државата.

„Тука не се работи за чувства, ова е законодавен дом каде што работиме според Устав и закони. Ја урнисавте правната држава, сакате да го урнисате и Уставот. Референдум е неуспешен и затоа не треба да се бара од пратениците да гласаат за промена на името“, рече таа во Собранието.

Во својата прва изјава по гласањето, за Лидер, таа вели дека како ќе биде крајното двотретинско гласање, односно третата финална фаза од процедурата за промена на Уставот, ќе зависи од власта, и од тоа колку таа е спремна за прифаќање на условите кои ги испорачаа пратениците од опозицијата кои гласаа „за“.

Таа за Лидер, вели дека одлуката била навистина тешка, и дека е свесна за сериозноста на ситуацијата како во државата така и во политиката и какви се бранувањата таа ќе направи посебно во нејзината партија.

“Но јас и моите колеги цврсто веруваме дека тоа што дадовме шанса е правиот пат по кој треба да се движиме, нормално уште еднаш да напоменам со прифаќање на нашите услови“, вели Александрова.

И Нола Исмајловска – Старова, имаше слични размислувања.

„Како пратеник, моја должност е да го почитувам Уставот и да бидам гласот на оние кои ме избрале. Никој не е над волјата на народот, затоа што функцијата треба и мора да биде гласот на луѓето кои живеат во Република Македонија. Верувам во вашата мудрост и немам намера да одам против вашата одлука на 30 септември“, беше ставот на Исмајлоска-Старова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бети пак ќе носи Прада

Ќе се распадне ли ВМРО-ДПМНЕ по исклучување на 7. пратеници кои гласаа „за“ промена на Уставот

Што побараа пратениците на опозицијата кои гласаа „за“ промена на Уставот

Фото: Собрание/ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 868 случаи на Ковид-19 од 3.654 тестирања

Редакција

(Видео) Русите објавија видео од Сиријците кои за Русија ќе се борат во Украина

Редакција

МНР побара од Софија да се огради од недоличните изјави на Џамбаски и Костадинов

Редакција