Министерство за внатрешни работи (МВР) распиша централна потерница по четворица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани.
„Од страна на МВР во координација со Јавното обвинителство се постапува во овој момент и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација за предметната дискотека, како и лица поврзани со истата,“ изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој истакна дека во овој момент не може да каже повеќе во врска со четирите лица, за кои е издадена потерница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројката на загинати во пожарот во дискотеката се искачи на 59, на повредени 155
(Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.