И американскиот амбасадор Џес Бејли се најде во последното соопштение на руското МНР, кое се однесува на гласањето за стартот на уставните измени, со кои меѓудругото Македонија ќе добие ново име – Северна Македонија.
Според соопштението на руското МНР, Бејли бил во Собрание до крајот на гласањето.
Во изјава за телевизијата ТВ 21, Бејли негира дека тој ден бил во Собрание.
„Јас тој ден работев во мојата канцеларија, учествував на настанот организиран од амбасадата вечерта и како повеќето граѓани на Македонија го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба“, вели Бејли за ТВ 21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руско МНР: САД организираа нефер гласање во македонскиот Парламент
Коѕијас: Русија не сака да постои држава што се вика ПЈРМ и да се интегрира во НАТО
За Русија остануваме Република Македонија: Не го менуваме ставот од пред 26 години
Фото: Американска амбасада