еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мајмунски сипаници

Вчера за првпат во Македонија се регистрирани два случаи на мајмунска сипаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За првпат во Македонија потврдени два случаи на мајмунски сипаници

Денеска како што најавија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се очекуваат повеќе детали за тоа како овие две лица се заразиле со оваа вирусно заболување.

Ним им се направени и испитување и за ХИВ, сифилис и херпес, а во тек е и епидемиолошка анкета со нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мажи на 44 и 40 години од Скопје се заболените со мајмунски сипаници, не патувале надвор од Македонија

Што се мајмунски сипаници

Mpox, како што објаснуваат од ИЈЗ, претходно познат како мајмунски сипаници е вирусно заболување предизвикано од вирусот monkeypox, вид од родот Orthopoxvirus. Постојат две различни клади на вирусот: клада I (со потклади Ia и Ib) и клада II (со потклади IIa и IIb).

Кои се симптомите

Периодот на инкубација (интервал од инфекција до почетокот на симптомите) на Mpox е обично една недела, но може да се движи во интервал од 1 до 21 ден. Симптомите обично траат 2-4 недели, но може да траат подолго кај некој со ослабен имунолошки систем.

Најчести симптоми на Mpox се:осип, треска, болно грло, главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, слабост и отечени лимфни јазли.

Кај некои лица, првиот симптом е осип, додека кај други тоа може да биде треска, болки во мускулите или болка во грлото.

Осипот обично започнува на лицето и се шири по телото, вклучувајќи ги дланките и стапалата. Може да започне и на други делови од телото кои биле во контакт, како што се гениталиите. Започнува како рамна раничка, кое потоа станува меур исполнет со течност што може да чеша или да биде болно.

При заздравување, лезиите се сушат, создаваат красти и паѓаат.

Некои луѓе може да имаат една или неколку кожни лезии, а други имаат стотици или повеќе. Тие можат да се појават каде било на телото, вклучувајќи: дланките и стапалата, лицето, устата и грлото, гениталната и аналната област.

Некои луѓе можат да имаат болни отекувања на ректумот (проктитис) или болка и тешкотии при мокрење (дизурија) или голтање.

Луѓето може да ја пренесат болеста додека не зараснат сите рани и не се формира нов слој на кожата. Некои луѓе може да се заразат без да развијат никакви симптоми.

Децата, бремените жени и луѓето со слаб имунолошки систем, вклучително и луѓето кои живеат со ХИВ кој не е добро контролиран, се изложени на поголем ризик за сериозни болести и смрт поради компликации од Mpox.

Некои луѓе со Mpox развиваат посериозна клиничка слика. На пример, кожата може да се зарази со бактерии, што доведува до апсцеси или сериозно оштетување.

Други компликации вклучуваат пневмонија; инфекција на рожницата со губење на видот; болка или тешкотии при голтање; повраќање и дијареа што предизвикува дехидрација или неухранетост; и инфекции на крвта (сепса), мозокот (енцефалитис), срцето (миокардитис), ректумот (проктитис), гениталните (баланитис) или уринарните органи (уретритис).

Смртност историски се движела од 0 до 11% во општата популација и била поголема кај малите деца. Во последно време, стапката на смртност е околу 3-6%.

Како се пренесуваат

Mpox се шири од човек на човек главно преку близок контакт со заболен, вклучително и членови на домаќинство. Блискиот контакт вклучува контакт на кожа со кожа (допирање или сексуален однос) и контакт на слузокожи или кожа со слузокожа (бакнување), а може да вклучува и пренос од човек на човек при зборување или дишење блиску еден до друг, преку заразни респираторни честички.

Луѓето со повеќе сексуални партнери се изложени на поголем ризик да добијат Mpox.

Луѓето исто така може да се заразат со Mpox од контаминирани предмети како облека или постелнина, преку повреди од игла.

За време на бременоста или раѓањето, вирусот може да се пренесе на плодот. Mpox за време на бременоста може да биде опасен за фетусот или новороденчето и може да доведе до прекин на бременоста, мртвороденост, смрт на новороденчето или компликации за мајката.

Преносот на Mpox од животно на човек се јавува од заразени животни на луѓе преку каснувања или гребаници, или за време на активности како што се лов, дерење, готвење или јадење.

Лекување

Целта на лекувањето на Mpox е грижа за осипот, справување со болката и спречување на компликации. Раната и супортивна нега е важна за да помогне во менаџирањето со симптомите и да се избегнат дополнителни проблеми.

Некои антивирусни лекови добија одобрение за итна употреба во некои земји и се оценуваат во клинички испитувања. До денес, не постои докажан ефикасен антивирусен третман за Mpox.

Вакцината против Mpox може да помогне да се спречи инфекцијата (профилакса пред изложување).

Се препорачува за луѓе со висок ризик да се вакцинираат, особено за време на епидемија. Групите кои можат да бидат изложени на висок ризик вклучуваат: луѓе во исто домаќинство или блиска заедница со заболен, вклучително и деца, здравствени работници, луѓе кои имаат повеќе сексуални партнери, вклучително и мажи кои имаат секс со мажи и сексуалните работници од кој било пол и нивните клиенти.

Вакцината може да се администрира и откако лицето било во контакт со некој што има Mpox (профилакса по експозиција). Во овие случаи, вакцината треба да се даде помалку од 4 дена по контакт. Вакцината може да се дава до 14 дена доколку лицето не развило симптоми.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец починал пред неговата гаража

Редакција

Хрватска ги отвори границите

Редакција

Кој доаѓа на местото на разрешената директорка на Пошта, која е на страната на Таравари

Редакција