еМагазин
Image default
Свет

Убивал од „досада“: Болничар во Германија призна убиството на повеќе од 100 пациенти

Поранешен болничар од Германија призна убиството на повеќе од 100 пациенти во првиот ден од судењето во Олденбург. Со тоа, Нилс Хoгел (41) е најголем сериски убиец во земјата по Втората светска војна.

Судењето на поранешниот болничар Нилс Хегел (41) за убиство на уште 98 пациенти почна денеска.

Хoгел веќе отслужува доживотна затворска казна за убиство на двајца пациенти, но неодамна беа поднесени нови обвиненија за него за убиства со инекција на уште 98 постари луѓе во болниците во Олденбург и Делменхорст.

Се верува дека Хогел убил вкупно 36 пациенти во Олденбург и 64 Делменхорст, помеѓу 2000 и 2005 година.

Хогел инјектирал големи количини несоодветни лекови кај болни пациенти.

Неговиот главен мотив бил да се докаже пред своите колеги. Нилс Хогел призна дека убил 100 пациенти помеѓу 2000 и 2005 година. Обвинителите велат дека дејствувал од “досада”.

Како што состојбата на пациентите по вбризгувањето на содржината на инекцијата се влошувала, Хoгел прв доаѓал за помош и ги реанимирал. За жал, во многу случаи реанимација не успевала и пациентите го губеле животот.

Целиот случај е многу чувствителен на германскиот здравствен систем, бидејќи роднините на починатите ги обвинија водечките фигури во здравството дека ги прикривале или ги игнорирале сомневањата за убиствата на Хoгел и дека не одговарале соодветно и одговорно на таа ситуација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Девојчето кое од скривница ја пееше “Let it go”, ја испеа украинската химна на хуманитарен концерт во Полска

Редакција

Волстрит журнал: Кризата во Украина ги прави САД господар на пазарот на гас

Редакција

(Видео) Се изгасна светлото во последната независна телевизија во Русија, „Дожд“, вработените се одјавија со „Лебедово езеро“

Редакција