еМагазин
Image default
Локално

Приведено лицето од Тетово, кај кое полицијата заплени 46 килограми марихуана

Во текот на вчерашниот ден по издадена судска наредба, а во присуство на надлежниот јавен обвинител е извршен претрес на објекти сопственост на осомничениот, информираат од Основно јавно обвинителство.

„При претресот на домот и помошните простории во една од собите на кат пронајдено е еден килограм наркотична дрога марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и други предмети, а при претресот на другиот објект пронајдено е поголемо количество (околу 45 килограми) на наркотична дрога-марихуана спакувана во полиетиленски вреќи која била набавена од НН лице од Република Албанија.

По Наредба на јавен обвинител извршена е фото и видео документација на пронајдените предмети при претресот, предметите се подигнати и испратени на вештачење.

Осомниченото лице е лишено од слобода и задржано во Полициска станица- Тетово и во текот на денешниот ден ќе биде изведено пред Судија на претходна постапка при Основниот суд – Тетово“, се вели во соопштението на ОЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

27-годишно момче од Ѓермо по повреда на работа починало во болница

Редакција

(Видео) На Пелистер врне снег

Редакција

Млад скопјанец починал на лов на Китка

Редакција