еМагазин
Image default
Македонија

Се уште тече рокот за жалба на првостепената пресуда за Јанкулоска

Се уште тече рокот за жалба на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на првостепената пресуда за предметот на СЈО „Тенк“, со која е осудена на шестгодишна затворска казна за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Јанкулоска пресудата за „Тенк“ во писмена форма ја добила на 22 октомври и оттогаш тече рокот од 15 дена за поднесување жалба до Апелацискиот суд Скопје, информираа на денешниот брифинг во Кривичниот суд.

На Јанкулоска во „Тенк“ и се судеше во одвоена постапка поради бременост, а судењето почна во август откако таа се породи.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај е осуден на две години ефективна затворска казна, а поранешниот помошник во МВР Ѓоко Поповски, доби намалување од скопска Апелација од шест и пол на четири и пол години казна затвор.

МИА/Фото: МВР/Фејсбук/Јанкулоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гордана Силјановска влегува во трката за претседател: Кои се другите кандидати од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Нашата европска интеграција е заложник на Бугарија и на зборување за историја, што гледам дека сите земји од ЕУ го одобруваат, вели Ковачевски

Редакција

Пратеникот Гаши сведочеше за “организаторите на настаните од 27 април“

Редакција