еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Таравари единствен градоначалник во Македонија кој директно работи на проблемот со кучињата скитници

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари по повод трагичниот настан во кој тинејџерка го загуби животот при давање во Вардар, се огласи на неговиот Фејсбук профил.

Напаша дека со длабока тага ја примил веста за Џејха Меџити од гостиварско Здуње, која почина вчера давејќи се во водите на Вардар.

Тој напоменува дека во исти околности изгубил член од потесно семејството.

„Кога ја примив веста за давењето на Џехја, многу ме натажи случајот, но и ме врати во траумите на моето семејство. Девојчето, велат дека се удавило обидувајќи се да се спаси од куче скитник. Иако случајот сé уште нема службена верзија, наклонет сум да му верувам. Гостиварци не измислуваат политички напади до овој степен“, пишува Таравари.

Како градоначалник вели дека чувствува целосна одговорност да објасни дека проблемото со бездомните кучиња е наследен и кон него имало сериозен пристап.

„Сме собирале колку што сме можеле, надминувајќи ги и можностите за згрижување, сме оперирале 50 од нив и сме вакцинирале 100. Јас и се придружив на ветеринарната екипа за да им помогнам во нивната огромна работа што ја имаме пред нас. Изразувајќи им најискрени сочувства на семејството на девојчето, како брат кој по вторпат ја изгуби својата сестра, би замолил да не влегуваат во политички драми оние кои воопшто не ги засега болката на семејството или на оние кои биле погодени со вакви несреќи“, вели Тарвари.

Тој упатува и апел да ја остават екипата за згрижување на кучињата да работи без притисоци и да не измислуваат драматично-политички приказни.

„Не сум навикнал да не сносам одговорност, но математички нашата екипа го правеше и го прави невозможното за да се стабилизира состојбата каде што затекнавме едно куче на метар квадратен. Ако се откажеме, покажуваме „нула“ одговорност, ако продолжиме да ја водиме битката со кучињата, значи имаме сила и дигнитет. Битката ни зеде еден ангел, но го разбуди 1.000 пати повеќе мотивот за да продолжи нашата акција за решавање на проблемот со бездомните кучиња!“, пишува Таравари.

Фото: Фејсбук/Таравари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проблемот со уличните кучиња станува алармантен: Треба ли уште некој да загине, за да се реши

Детали од МВР за девојчето кое се удави во Вардар бегајќи од куче-скитник

Детали од Обвинителството: Девојчето кое се удави било нападнато од куче кога се враќало од училиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе дава логистичка подршка за укинатиот Центар за македонски јазик во Лерин, најави Мицкоски

Редакција

ОН: Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години

Редакција

Европа нема видено ваков бран бегалци од Втората светска војна: Повеќе од 4,4 милиони Украинци ја напуштиле земјата

Редакција