еМагазин
Image default
Локално

Родители од Штип на протест на пешачкиот премин каде беше прегазен средношколец: Преземето нешто, заштитете ги децата

Родители и граѓански активисти на социјалните мрежи повикуваат на протест на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“, откако пред два дена беше прегазен 15 годишен средношколец од СОУ „Коле Нехтенин“.

Според најавите на социјалните мрежи, протестот ќе почне во 14 часот, а ќе заврши во 17 часот. Протестот ќе ја носи пораката „Преземето нешто, заштитете ги децата“. Граѓаните упатуваат коментари  до локалната власт изгради пешачки мост и постојано да има полициски службеници, кои ќе ги казнуваат возачите.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека состојбата на 15 годишното момче и понатаму е критична и дека лекарите ја следат состојбата на момчето.

Информира дека неврохирузрите и лекарите во еден ден му направиле две операции на главата и на градите.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во критична состојба е средношколецот прегазен во Штип: Неколку метри бил влечен по булеварот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кичевчанец тешко повреден: Со велосипед удрил во паркиран автомобил

Редакција

Делови од човечки леш пронајдени кај Долно Дупени

Редакција

Кумановец повредил двајца со остар предмет

Редакција