Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно своите надлежности и во координација со надлежните институции во земјава поставува со цел да се верифицира информацијата во врска со објавата на Фејсбук профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој објави дека се наоѓа во Будимпешта и дека таму ќе бара политички азил.
– Во врска со наводната информација објавена на Фејсбук профилот на г-динот Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата, нагласува МНР.
Министерството нагласува дека веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џолев: Обвинителството во ниеден момент не побара притвор за Груевски
За Спасовски судиите се одговорни зошто Груевски е во бегство
Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил