еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што пишуваше Груевски пред да побегне за одењето во затвор: “Нека ме уапсат, затворат и малтретираат“

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, сега пратеник, Никола Груевски наместо во затвор, моментално е во бегство во Будимпешта, Унгарија.

Изминативе месеци, кога стана јасно дека еден ден ќе заврши во затвор, велеше дека е подготвен за тоа, а за тоа сведочи и еден негов статус на Фејсбук од февруари 2017 година.

Во него меѓудругото напиша:

„Ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, нека не удира по државните и националните интереси. Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели.

Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Судбината на Груевски во рацете на „лошото момче“ Виктор Орбан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Регистрирани нови 99 оздравени пациенти од корона вирусот, најмногу од Скопје

Редакција

Талат Џафери не спори дека и тој се знае со обвинителот Абази

Редакција

(Фото) Нуркачи го бараат 30-годишниот маж, кој исчезна во браната Глажња

Редакција