Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, за телевизијата ТВ 21 вели дека е разочаран и вознемирен од бегството на Никола Груевски.
„Длабоко сум разочаран и вознемирен од овој чин кој е за најостра осуда и од кој што целосно се оградувам. Ова сериозно ги подрива сите напори и иницијативи што во моментот се водат во насока на национално помирување на повеќе нивоа. Кон сите што учествуваме во овие процеси, апелирам да продолжиме со она што и е навистина потребно на нацијата. Иако е тоа тешко, апелирам гневот од овој чин да не се насочува кон другите луѓе кои што се опфатени во други судски предмети и истраги. Верувам дека правдата на крај сепак ќе го стигне секого“, вели Пешевски за ТВ 21.
Владимир Пешевски е обвинет во случајот „Траекторија“ на СЈО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?
Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?
Јанакиески за ТВ21: Нема да бегам, најостро го осудувам бегството на Груевски
Jанкулоска за ТВ21: Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде