Women’secret ја слави 25-годишнината од своето постоење со кампањата VERY US во која главна улога се вистински жени. Деветте различни, спектакуларни жени беа избрани преку повик распишан на социјалните мрежи.
Брендот е верен придружник на жените во секој период од нивниот живот во изминатите 25 години. За да го прослави овој факт, како и да ја стави на пиедестал секоја жена, компанијата гордо ја претставува кампањата #VERYUS – специјална, автентична кампања направена од жени за жени.
Во оваа кампања, ѕвездите, кои се различни една од друга, се наоѓаат во секојдневни ситуации со кои секоја жена би се идентификувала.
За прв пат овој септември, women’secret објави повик на социјалните мрежи за жени кои би биле дел од кампањата за есен/зима 2018. Над 7,000 жени одговорија на повикот, повеќе од 400 беа селектирани, 140 влегоа во финалето, а 9 беа финално избрани.
Девет неверојатни жени заедно со инфлуенсерката Белен Каналехо (@belamoda) станаа дел од кампањата која ги слави жените без разлика на нивната возраст, изглед или лични карактеристики.