По денешната прес конференција на која македонскиот премиер Зоран Заев, меѓудругото јавно го праша поранешниот премиер Никола Груевски, но и државата Унгарија дали Груевски доброволно заминал во Унгарија или можеби бил киднапиран, се огласија и од кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Од таму соопштија дека во бегството на Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава, ниту унгарските власти, без да соопштат повеќе детали.
“Спротивно на претпоставките објавени во печатот, ниту унгарската држава, ниту унгарските власти не помогнаа Никола Груевски да ја напушти Македонија. Во согласност со унгарските законски прописи и меѓународната пракса, сè додека постапката не заврши, унгарските власти не се во можност да обезбедат дополнителни информации во врска со постапката за азил. Сепак, потенцираме дека Никола Груевски е во Унгарија законски во согласност со законските одредби во врска со процедурите за азил“, стои во соопштението.
Од таму уште повторуваат еднаш дека додека трае процедурата за азил, кој го бара Груевски, нема да споделуваат повеќе информации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанска полиција: Груевски влегол пеш во Албанија, несомнено нелегално
На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал
Кој му помогнал на Груевски да влезе нелегално во Албанија?
Зошто Заев спомнува киднапирање на Груевски
Фото: ВМРО ДПМНЕ