еМагазин
Image default
Македонија

Унгарско МНР: Ниедна земја на ЕУ не го покрена прашањето за Груевски

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по вчерашниот состанок на министрите во ЕУ порача дека ниеден колега не го покренал прашањето за азилот на Груевски.

Како одговор на новинарско прашање, Сијарто рече дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски изразил желба да поднесе барање за азил во унгарска амбасада, но владата на Унгарија немала никаква улога во неговото доаѓање.

Тој рече дека унгарските власти првпат разбрале за случајот во една од соседните земји во Македонија и дека Груевски “целосно законски дојде во Унгарија во согласност со релевантните национални и меѓународни закони, а сите премини (на граници) беа легитимни”.

Унгарските власти, врз основа на безбедносни мерки, одлучиле да го сослушаат неговото барање за азил и тоа во централната канцеларија на Бирото за азиланти во Будимпешта.

Како што рече, ниту еден колега од ЕУ не го покренал случајот во понеделникот. Тој, со македонскиот министер за надворешни работи, ќе одржи билатерални разговори на маргините на Самитот на НАТО во Брисел на почетокот од декември.

“За Унгарија, поддршката на Македонија не е прашање на партиска или владина симпатија”, рече тој.

Тој, исто така, го повтори ставот на владата дека тоа не е политичко, туку правно прашање.

Сијарто одговори само на едно новинарско прашање и додаде, на самиот почеток на одговорот, дека нема да одговара на дополнителни прашања.

МИА/Фото: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ отвори нова дилема: Груевски влегол во Албанија легално или нелегално?

Што е пасаван, со кој според Вучиќ, Груевски избега до Унгарија

Српскиот претседател Вучиќ: Еве како побегна Груевски

Адвокатот на Груевски: Ми се јави од Унгарија, „киднапирањето“ го примив со неверување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена од Гостивар која боледувала од карцином, почина од коронавирусот

Редакција

Груби: Ахмети има преземено иницијатива за план Б, која е доставена и до Бугарија, за почнување на преговорите со ЕУ

Редакција

Завршница за „Насилство во Центар“: Ќе „лежи“ ли затвор ексминистерот Миле Јанакиески?

Редакција