еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Папата Франциско догодина доаѓа во Македонија?

Папата Франциско во мај наредната година ќе ја посети Македонија, објави аргентинската државна новинска агенција „Телам“ повикувајќи се на извори во Ватикан.

Посетата на Македонија ќе биде дел од регионалната турнеја на папата која ќе ги вклучи и Романија и Бугарија.

Ова ќе биде прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на Македонија, Романија и Бугарија, земји во кои, како што наведува „Телам“, мнозинството граѓани се православни христијани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврдени нови 16 случаи, вкупно 2.014: Го достигнавме предвидениот пик на заболени од корона вирусот

Редакција

Вкупно 7.894: Од Ковид-19 починале 8 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција

12 прекршувања на полицискиот час, 408 казни за неносење маска

Редакција