еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

По бегството на Груевски и добивањето азил: Ќе стане ли Унгарија нова пречка за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО?

Освен шокираност и неверување дека една земја членка на Европската Унија му дала политички азил на осудениот поранешен македонски премиер Никола Груевски и протесната нота од страна на македонското Министерство за надворешни работи која му беше врачена на амбасадорот на Унгарија во Македонија пред Груевски да го добие азилот, нема никакви други реакции од страна на Македонија кон Унгарија.

Реакции македонската јавност очекува уште повеќе, имајќи го предвид веќе фактот дека Груевски од Македонија до Унгарија стигнал превезувајќи се со дипломатско возило на Унгарија и во придружба на унгарски дипломати, со привремен патен документ издаден повторно од Унгарија.

Благи реакции во стилот дека ништо посебно не може да се направи и дека прашањето за добивањето азил не треба да се политизира, има и од институциите на Европската Унија.

Ваквата ситуација дополнително ја „храни“ теоријата на заговор дека Груевски всушност бил „пуштен“ да избега.

Од друга страна пак, очигледно е дека Македонија не сака да си создаде нова пречка на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ, кој зависи и од Унгарија, која е членка и на ЕУ и на НАТО, па се и разбирливи нејзините дипломатски чекори, кои секако треба да бидат многу внимателни.

Во овој правец можеби треба да се толкува и однесувањето на институциите на ЕУ, кои не сакаат да создадат дополнителни тензии.

Дали Унгарија сепак ќе стане нова пречка на патот на Македонија кон НАТО, ќе биде јасно веќе следната година.

Тогаш исто така ќе биде појасно и дали Унгарија ќе ги искористи како „оружје“ против Македонија извештаите на ЕУ за политизираноста на македонското судство, лошите услови во затворите и сл., кои му помогнаа на Груевски да добие азил.

Фото: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрането е: Унгарија не може да даде детали за статусот на Груевски

Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос

Унгарски европратеник: Не би ме изненадило бегството на Груевски да е во договор со разузнавачките служби на другите земји на ЕУ и на САД

Брисел нема коментар за барањето за екстрадиција на Груевски

Eвропската комисија „не може многу да направи тука“, но очекува дополнителни објаснувања од Унгарија за одлуката за азил на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сандра Атанасов: Приказна за еден остварен сон на Македонка во Словенија

Редакција

Како детето што постојано бара адреналин, Арафат Муареми, стана директор на Управата за финансиска полиција

Убава вест: Над 50 од 70 заразени здравствени работници во болницата во Куманово се вратија на работа

Редакција