еМагазин
Image default
Македонија

Митко Јанчев за Дојче Веле: Гарантирам дека Сашо, Миле и Кирил нема да бегаат!

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и поранешен потпреседател на ВМРО ДПМНЕ за Дојче веле вели дека со целиот негов интегритет гарантира дека Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои моментално се во притвор, нема никаде да бегаат.

„Не се мешам во судски постапки. Лично се залагам за транспарентност во однос на притворите и на судските процеси, без политичко мешање. Во случајот со притворот за Сашо Мијалков, но и со притворите за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, мое мислење е дека изречена престрога мерка, и тоа само поради бегството на Никола Груевски. Судот можел да размисли и за алтернативна мерка, можеби за домашен притвор. Тоа се видни членови на партијата, некои од нив основачи, некои долгогодишни членови, но пред сѐ, тие се семејни луѓе. Јас, како Митко Јанчев, давам моја цврста и лична гаранција, со целиот личен и професионален интегритет и кариера, дека тие луѓе никаде нема да бегаат“, вели Јанчев за Дојче Веле.

Вели и дека нема разбирање за бегството на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

„Искрено, не очекував бегство од Груевски. Ако навистина се плашел дека животот во затвор може да му биде загрозен, требало за тоа да разговара, да се бара некаква алтернатива. Но, по 11 години поминати на највисока функција, најмалку очекувано од негова страна беше бегство“, вели Јанчев.

Целиот разговор на Јанчев со Дојче Веле, ОВДЕ.

Фото: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругата на Јанакиески: Донесете го Груевски и нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе

Јанакиески во Апелација: Немам сметки во странство и го осудувам бегството на Груевски

Божиновски: Не можам во притвор, треба да се грижам за двете деца

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Катица Јанева спроведена во Идризово, треба да одлежи седум години за „Рекет“

Редакција

Сведоштво за „Насилство во Центар“: „Кирил Божиновски ми рече земи ја книгата „Зоки Поки“ и читај“

Редакција

Кривична пријава за поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески

Редакција