еМагазин
Image default
Македонија

Анкета на Телма и МЦМС: Граѓаните не го оправдуваат азилот на Груевски, вината за неговото бегство ја лоцират кај МВР

Повеќе од половина од граѓаните на Македонија, 52,3 проценти не го одобруваат политичкиот азил на поранешниот премиер Никола Груевски, наспроти 21 процент кои го оправдуваат, покажа анкетата на Телевизијата Телма и МЦМС, спроведено од М-Проспект од 21 до 27 ноември на репрезентативен примерок од 800 испитаници.

За бегството на Груевски се воздржале од изјаснување или одговориле со „не знам“ вкупно 27 проценти од анкетираните.

Помалку од половина или 44,4 проценти сметаат дека азилот на Груески е со знаење на власта, додека 25 проценти сметаат дека не е. Висок е процентот на оние кои не знаат или одбиле да оговорат на ова прашање – 30,5%.

Испитувањето покажа дека јавноста најмногу вина за бегството на Груевски лоцира во МВР и министерот Оливер Спасовски дури 21,4 проценти, додека речиси 16 проценти сметаат дека за тоа е виновна власта.

Вина во судот лоцираат 6,4 проценти, што е помалку за три проценти од оние кои вината ја гледаат во унгарската власт, а 15 проценти од испитаниците вина лоцираат во сите од наведените т.е. МВР, власта, судот и Унгарија.

Мора да се спомене дека дури 27,3 проценти од испитаниците не знаеле или одбиле да одговорат на тоа кого сметаат за виновен за бегството.

Гледано по етничка линија 45,6 проценти од Македонците не го одобруваат азилот на Греувски, додека тој процент кај Албанците е повисок, 67,8. Азилот го одобруваат речиси 26% од Македонците и 11,9 од Албанците.

Во делот на лоцирање на одговорноста за бегството процентот на Албанците кои вина гледаат во МВР и Спасовски, е речиси идентичен со оние кои за виновна ја сметаат власта – 23 проценти. Кај Македонците 20 процент сметаат дека виновно е МВР, а 13 проценти власта.

Анкетата покажа дека 49 проценти од испитаниците сметаат дека мерката притвор за Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски е изречена за да се спречат други бегства, додека за 21,4 проценти таа е изречена како реванш за бегството на Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селфи со плакатите на Никола Груевски во Унгарија нов хит меѓу Македонците

Сопругата на Јанакиески: Донесете го Груевски и нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе

Обвинителката Русковска не открива многу детали, но вели дека се собрани дел од доказите за бегството на Груевски

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Боки 13 од почеток ќе му се суди за случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција

Кој ќе ги замени Спасовски, Шекеринска и Царовска во Собрание?

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција