еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Групацијата ЗК Пелагонија во загуба од 189.7 милиони денари

Во периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018, Групацијата ЗК Пелагонија, оствари оперативни приходи од 1.611.381 илјади денари. Истите бележат зголемување за 16,23%, споредено со истиот период лани, информираат од Групацијата преку Македонската берза.

“Во структурата на оперативните приходи, највисока е ставката на приходите кои се остварени од продажба кои опфаќаат 94,64% од вкупните оперативни приходи или износ од 1.525.011 илјади денари. Приходите од продажба бележат тренд на зголемување во однос на претходната деловна година и истите се зголемени за 21,27%.

Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 37.473 илјади денари учествуваат со 2,32% во вкупните оперативни приходи и истите бележат намалување од 42,18% во однос на претходната  деловна година.

Во анализираниот период на финансиските извештаи во деловната 2018 година, остварени се оперативни расходи во износ од 1.754.177 илјади денари. Истите се во поголем износ, споредено со износот на оперативните приходи и тоа за износ од 142.796 илјади денари.

Промената на вредноста на залихите во анализираниот период за тековната година, како разлика  помеѓу вредноста на залихите на почетокот на периодот и вредноста на залихите на крајот на периодот, генерира приходна ставка на износ од 36.953 илјади денари, и со тоа Друштвото оствари оперативна загуба на износ од 105.843 илјади денари.

Остварените финансиски расходи во пресметковниот период изнесуваат 84.661 илјади денари, и истите намалени за финансиските приходи кои изнесуваат 796 илјади денари ја оптеретуваат оперативната загуба за дополнителен износ од 83.865 илјади денари, со што крајниот резултат во консолидираниот Биланс на успех на Групацијата ЗК Пелагонија за пресметковниот периодот од  01.01.2018 до 30.09.2018  година, покажува остварена загуба од работењето на износ од 189.708 илјади денари“, велат од Групацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извршители „во напад“ на фирмите на Цветан Панделески

Извршител заплени удел во фирма на Цветан Панделески од 2,6 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невработена, без имот, со редовна медицинска терапија: Што пишува во одлуката на Апелација за притворот на Јанева

Редакција

Јанкуловски: Заради вашето неверување во Ковид-19, непочитување и нечовечност земам брисеви од новороденчиња

Редакција

Австрија предлага унапредување на постепената интеграција на Западниот Балкан на патот кон полноправно членство во ЕУ

Редакција