еМагазин
Image default
Македонија

До средината на јануари треба да заврши процедурата за промена на македонскиот Устав

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува втората фаза од уставните измени да заврши околу 18 декември, по што би почнала третата и последна фаза од носењето на уставните амандмани. Целиот процес би се заокружил во средината на јануари.

Во Собранието утре започнува пленарната седница за уставните амандмани, за што неговите очекувања се дека ќе заврши побрзо од законски предвидениот рок.

– Утрешниот ден ќе даде појасна слика за тоа колку ќе трае дебатата на собраниската седница. Имајќи предвид дека опозицијата не учествуваше на собраниската Комисија, не очекувам сензационализам на самата седница, рече Џафери на средбата со новинарите.

По усвојувањето на уставните амандмани во Собранието за што е потребен 61 глас, предлагачот на уставните измени односно Владата треба да организира јавна расправа од три дена, по што има два дена да подготви извештај и петтиот ден да го достави до Собранието.

Џафери потоа е должен во рок од 30 дена да закаже седница за финално носење на амандамните, за што повторно, како во првата фаза, е потребно двотретинско мнозинство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Редакција

Нови 347 случаи на Ковид-19 од 2.013 тестирања

Редакција

Францускиот амбасадор Тимоние: Франција сè уште не донела одлука за датум за преговори

Редакција