еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителство прибира снимки од граничните премини, од пред зградата на Груевски и собира податоци за неговите сметки

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција води предистражна постапка за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

Во овој дел од постапката се прибрани снимки од камери на граничните премини, од пред зградата на Груевски и од соседството, а се бараат известувања и од институции и податоци од банките, беше речено на денешниот брифинг со новинарите во ЈОРМ.

Од Обвинителството посочија дека доколку се утврди одговорност кај некои луѓе за бегството на Груевски степенот на работење ќе се подигне и предметот нема да биде во предистражна постапка.

Груевски на 9-ти овој месец требаше да се пријави во затворот „Скопје“ на издржување на двегодишна затворска казна за „Тенк” за набавката на луксузниот мерцедес.

Тој на 13 ноември на фејсбук напиша дека е во Унгарија каде бара азил од тамошните власти, што го доби после една недела, односно на 20 ноември.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев ги знае сите детали за бегството на Груевски, но ќе ги соопшти на јавноста кога ќе дојде време

Црногорскиот премиер Марковиќ: Македонија требаше да се грижи да не побегне Груевски

Анкета на Телма и МЦМС: Граѓаните не го оправдуваат азилот на Груевски, вината за неговото бегство ја лоцират кај МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изминатото деноноќие 434 казни за неносење заштитна маска

Редакција

Холандски државјанин спасен откако со возило се излизгал на патот Галичник-Лазарополе

Редакција

Нови 300 случаи на Ковид-19 од 2.493 тестови, 59 се реинфекции

Редакција