По иницијативата Скопје да добие улица по драматургот Горан Стефановски, како и да се прогласи Ден на жалост, еМагазин се приклучува кон иницијативата која се шири на социјалните мрежи од граѓани, Драмски театар да го носи неговото име.
Синоќа, во чест на Стефановски во Драмски беше изведена претставата „Диво месо“, а во понеделник на програмата е „Дупло дно“ со почеток во 19 часот.
„Драмски започнува со низа настани со кои ќе се потсетиме на ремек-делата на нашиот Горан Стефановски“, соопшти театарот каде што беа изведени најголем дел од неговите драми.
Стефановски почина во Велика Британија, а неговото семејство соопшти дека тој ќе биде кремиран на 5 декември, а пепелта ќе биде расфрлана во Охридско езеро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пријателите на Стефановски бараат улица во Скопје по негово име и прогласување на Ден на жалост
Си замина уште една легенда: Почина Горан Стефановски
Фото: ЕУ инфо центар Скопје