Поради инволвираност во настаните од 27 април во македонското Собрание, судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор на Владимир Атанасовски.
Кој е Атанасовски?
Владимир Атанасовски беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија (УБК) од 1 септември 2016 година до јуни 2017 година.
Според неговата официјална биографија Атанасовски дипломирал на Економскиот факултет во Скопје.
По дипломирањето, во 2008 година бил вработен во Управата за спречување перење пари, а бил и советник во Одделението за меѓународна соработка.
Во 2010 година бил назначен за директор во Управата за финансиско разузнавање.
На функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија беше назначен на 1 септември 2016 година на местото на Сашо Мијалков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само во Македонија: Двајца поранешни директори на УБК во притвор
30 дена притвор за поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски
Фото: УБК