Во Грција не стивнуваат реакциите по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев во Собрание, дека со Договорот од Преспа во иднина меѓудругото се отвара можност и за изучување на македонскиот јазик во Грција.
Изјавата „им избега“ на повеќето македонски медиуми, но во Грција стана топ тема, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
За неа се дебатира на утрински емисии на телевизија, по социјалните мрежи, училиштата…, а коментарите се остри и негативни.
Реакции стигнаа од сите политички фактори во земјава, од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос до лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис и владејачката Сириза.
Главната порака е дека Заев неможе да го толкува Догворот, своеволно, туку како што предвидува истиот.
Според грчките медиуми, на изјавата реагирал и медијаторот за спорот за името на ОН, Метју Нимиц, кој телефонски ги контактирал македонските власти.
Целата изјава пренесувајќи ја МРТ, ја објави грчкиот портал Newpost GR:
Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ