еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Поскапувањето на „најевтиниот леб“ не е проблем за Владата, но ќе ги дотепа сиромашните

Поскапувањето на лебот по правило носи поскапување и на останатите производи и опасност од зголемување на инфлацијата.

Изјава на вицепремиерот Кочо Анѓушев дека поскапел само најевтиниот леб беше со негодување дочекано од голем број македонски граѓани, кои едвај успеваат да ги покријат месечните трошоци за храна и комуналии. Имено, токму тие ќе го осетат поскапувањето на овој вид производи.

Владата најави дека ќе ја следи состојбата и ќе реагира ако има потреба преку стоковните резереви, но засега нема да интевенира на пазарот.

Тоа значи дека популацијата која досега се прехрануваше со овој вид производи ќе мора да одвои дополнителни средства за секојдневната набавка на леб, што секако негативно ќе влијае врз семејните буџети.

Уште погодлем удар врз и онака нискиот стандард на граѓаните може да предизвика евентуалниот бран поскапувања што може да ги повлече зголемување на цените на дел од пекарските производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три компании од Скопје и една од Тетово ја зголемиле цената: Поскапен еден тип на леб

Лебот поскапе за три денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 150 случаи на Ковид-19 од 2.290 тестови, 27 се реинфекции

Редакција

Директорот на охридската болница тврди дека лицето кое се вакцинирало било активно вклучено во справување со Ковид-19

Редакција

Најниски просечни нето-плати во јануари

Редакција