Во сообраќајната несреќа која се случи во близина на Лесковац, Србија, во која се преврете автобус со македонски регистарски таблици, на лице место загинал еден маж и две жени, пренесе српската агенција Бета.
Во тек е идетификација на починатите.
Четири лица се со потешки повредени, опасни по живот и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш.
Во несреќата се повредени 32 лица, а дел од нив се задржани во болницата во Лесковац.
Три од нив со потешки повреди се на интензивна нега на хирургија, едно лице со потешки повреди е сместено на ортопедија, а 23 лица се на урегентното оделениe со полесни повреди.
Возачот и сувозачот не се повредени.
Во автобусот имало патници од Битола и други места од Македонија, пренесува Бета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од МНР: Загинатот маж во несреќата кај Лесковац е од крушевско, а едната жена од Кочани
Видео од несреќата со македонскиот автобус кај Лесковац
Автобусот кој излета кај Лесковац е на струшки „Еуробус“, од компанијата во Србија испратен друг
Тројца загинати откако се преврте автобус со македонски регистерски таблички близу Лековац