еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерот Димитров за информациите дека бил „заштитен извор“ на Американците: Ми извадиле стари информации

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот Фејсбук профил регираа на информацијата која првично се рашири по социјалните мрежи, а потоа и во медиумите дека бил „заштитен извор на американската амбасада“.

Информацијата е објавена на веб страната на Викиликс.

“Деновиве гледам извадиле стари информации објавени во 2010 година кои всушност потврдуваат дека конзистентно сум работел на исполнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ членството – и сум комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија.

Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија.

Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа, токму во финалето на процесот, индицира дека зад овие игри се сили кои се против реализацијата на европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија“, пишува Димитров.

Според Викиликс, Димитров се води како „заштитен извор“ на американската амбасада два пати во 2008 година откако обезбедил информации за грчко-македонскиот спор за името и НАТО и ЕУ интеграциите.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Нова „бомба“: Милошоски и Јанкулоска договараат да се преврти камион со песок за да се блокират гласачи Албанци

Редакција

9 бремени жени меѓу оздравените од корона вирусот во Македонија

Редакција

Истражување на ЦГК: Само 1% од тендерите се контролираат, а кај секој петти има неправилности

Редакција