еМагазин
Image default
Локално

(ВИДЕО) „Македонија Блокира“ не успеа да го блокира патот кон Охрид

„Македонија Блокира“ предводена од Јанко Бачев денеска се обиде да го блокира магистралниот пат Скопје – Охрид кај месноста Другово во Кичево.

На маршот учествувааа околу 15 до 20 лица, кои носеа руски знамиња и жолти елеци. Полицијата не дозволи блокирање на патот, туку им овозможи да маршираат по магистралата од Другово до Кичево, но при тоа собраќајот не беше целосно блокиран.

Протесниот марш се одвиваше со полициско обезбедување, без видливи проблеми.

Блокадата, како што посочуваат од „Македонија Блокира“ во соопштение до медиумите, е рамките на активностите за протести и блокади и надвор од Скопје и со цел спречување на промена на Уставот.

По блокадата на патот Кичево-Охрид кај село Другово, се упатуваме на блокада на централниот булевар во Кичево, недела, 23 декември 2018

Posted by Единствена Македонија on Недела, 23 декември 2018

МИА/Фото/видео: Единствена Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ужас во селото Сенокос: 18-годишник ја силувал неговата полусестра и ѝ се заканувал да не кажува на родителите

Редакција

Четворица работници на Макстил се повредени, дошло до прскање на течен челик

Редакција

Ја искасале кучињата на сосетката

Редакција