еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Револт и горчина: Политичарите се ставија над законот во 2018 година

Уште еден ден не дели од завршувањето на 2018 година во која македонските граѓани без сведоци дека политичарите како никогаш досега ги прекршуваа ветувањата и ги заобиколуваа и менуваа законите за задоволување на моменталните политички интереси.

Со образложение дека е потребно помирување, актуелната владејачка гарнитура реши да потегне по селективна амнестија и наместо да почека судски епилог за крвавите настани на 27 април реши да ги ослободи обвинетите пратеници иако за нив постојат докази дека без нивна помош (отварање на вратите од Собранието) најверојатно немаше да дојде до хаосот во кој за малку ќе загинеше еден човек, а многумина беа повредени.

СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и другите покажаа дека се подготвени „низ вода“ да ги пуштат обичните граѓани кои беа заведени од изјавите на политичките елити, а да ги ослободат пратениците и другите високи функционери.

Само времето ќе покаже дали и случаите на Специјалното јавно обвинителство ќе почнат полека да паѓаат во вода што би значело дека и оваа институција која влеја малку надеж дека конечно ќе има правда во Македонија е дел од политичката фарса.

Никако не треба да се заборави молкот од власта за бегството на екс-премиерот Никола Груевски, кој беше толку повикуван на одговорност за политичката состојба во земјава, за на крај да ја посрамоти Владата, но и целата држава пред светот, бидејќи не покажаа капацитет обвинетите за криминал да ги задржат во Македонија.

Македонските граѓани со право чувствуваат горчина и револт, бидејќи додека тие ги почитуваат законите, станува јасно дека политичките елити се ставија над законот.

Ниту спроведувањето на Преспанскиот договор за промена на името на државата со цел влез на Македонија во ЕУ и НАТО не може да го оправда политичкиот упад во правната држава и за тоа во иднина за тоа одговорност мора да има.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Браќа и сестри, престанете“: Папата Франциск бара мир во Израел и Газа

Редакција

Заменик-министерот за образование Атанасов си поднесе оставка поради немањето реформи во образованието

Редакција

Матеј Богдановски направи стрип според повеста „Улица“ од Славко Jаневски: Од мал цртам и смислувам свои стрипови

Редакција