еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски доби уште 30 дена притвор

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор, потврдија од Кривичниот суд во Скопје.

Судот му го продолжи притворот на Атанасовски, кој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” за настаните од 27 април.

Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември, по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана како обвинети за „27 април“ го посочија како еден од организаторите на упадот во Собранието.

Првиот притвор на Атанасовски му беше одреден на 5 декември лани, откако ноќта беше приведен и однесен на распит во Кривичниот суд.

– Постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1  од Кривичниот законик. Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор, соопшти тогаш ЈОРМ.

Обвинителството за организиран криминал и корупција побарало притвор врз три основи: опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност од повторување на кривичното дело.

Владимир Атанасовски беше назначен за директор на УБК во септември 2016 година по оставката на Сашо Мијалков. На директорското место во тајната полиција остана до јуни 2017 година.

МИА/Фото: УБК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре од 6 до 20 часот забрана за движење во шумите

Редакција

МТСП: Засега нема потврда дека девојчето од Домот 25 мај било силувано во Струга

Редакција

Спасовски и партиските лидери воопшто не разговарале за одложување на изборите

Редакција