еМагазин
Image default
Техно

Колку градоначалниците го користат Фејсбук

79 од вкупно 81 градоначалник го користат Фејсбук во својата работа. Следи Инстаграм кој го користат 29 градоначалници, а драстично мало присуство на првите луѓе на општините во 2018 година беше забележано на Твитер, каде се активни само 7 градоначалници. Ова го покажа Анализа направена во периодот помеѓу 15 и 30 декември 2018 година.

Споредено со 2017 година, еден градоначалник помалку бил активен на Фејсбук, додека, пак, има зголемување на бројот на градоначалници кои ги користат другите две социјални мрежи. Инстаграм минатата година користеле 8 градоначалници повеќе споредено со 2017 година, а двајца повеќе биле активни на Твитер компарирано за истиот период.

„Се добива впечаток дека недоволно ресурси се насочуваат во делот на двонасочната комуникација со граѓаните, како и процесот на транспарентност и отчетност. Иако бројките се високи, квалитетот на комуникацијата на социјалните медиуми е генерално на многу ниско ниво. Граѓаните и медиумите бараат и имаат право да бараат одговори, а властите се тие кои имаат обврска да ги дадат одговорите на сите поставени прашања. Нема оправдување за ниту еден градоначалник или носител на било која јавна функција за ваквиот однос, особено ако се потсетиме дека секој функционер се финансира со парите на граѓаните и компаниите“, вели Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавноста и нови медиуми, кој е и автор на оваа Анализа.

Само пет градоначалници истовремено користат Фејсбук, Твитер и Инстаграм во својата работа, а двајца градоначалници воопшто не ги користат социјалните медиуми, покажа Анализата.

Сепак, градоначалниците се нешто поактивни на Фејсбук споредено со пратениците и министрите. Ваква Анализа, направена во Мај 2018 година откри дека 112 од вкупно 120 пратеници користат Фејсбук, додека слично истражување објавено во Јули минатата година покажа дека 23 од вкупно 26 министри се редовно активни на овој социјален медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од половината од општините активни и на Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чиста рерна е тајната на вкусните и квалитетни оброци, а рерната која се чисти сама е сон на секој готвач

Редакција

Данокот на добивка за ИКТ компаниите ќе се намали на три проценти

Редакција

(ВИДЕО) Израелската иновација за лица со оштетен вид и кај нас, прв корисник девојче од Битола

Редакција