еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија

Раст од 22,4 отсто бележи извозот од Македонија во 11-те месеци од минатата година во однос на тој период претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 6.357.186.000 американски долари.

Вредноста на увeзената стока, во периодот јануари-ноември 2018 година, изнесува 8.299.399.000 американски долари, што е за 18,8 отсто повеќе во споредба со тој период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 1.942.213.000 американски долари.  Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 76,7 отсто.

Од Македонија најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Најмногу се увезувале платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во периодот јануари – ноември 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самостојните вршители на дејност ќе добијат поддршка од државата за октомври, ноември и декември

Редакција

Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка

Редакција

Ќе има ли поевтинување на основните производи, поради пониската цена за струја за прехранбената индустрија

Редакција