еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) АРМ лани успеа да спречи над 500 нелегални обиди за преминување на границата со Грција

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Васко Ѓурчиновски, денеска на караулата Богородица и на армискиот пункт во Богданци, ги посетија припадниците на Армијата на Република Македонија.

Taa додаде дека во 2018 година припадниците на АРМ успеаја да спречат повеќеод 500 нелегални обиди за преминување на границата, додека таа бројка претходните години беше и неколкукратно поголема.

Министерката Шекеринска порача дека граѓаните на Македонија можат мирно и спокојно да ги слават претстојните празнични денови токму затоа што припадниците на Армијата, деноноќно и професионално се грижат за колективната безбедност.

„Сметам дека е важно особено во овие денови кога се подготвуваме и за празници, да ја изразиме нашата благодарност на припадниците на АРМ кои што не се дома со своите семејства, туку се тука и извршуваат задачи за граѓаните на Гевгелија, на Богданци, но и на цела Македонија да не стравуваат од опасност по безбедноста или стабилноста на државата“, рече министерката.

Припадниците на АРМ се распоредени на нашата јужна граница од летото 2015 година, како мерка за зајакнато обезбедување на границата од нелегалниот мигрантски бран, а во помош и поддршка на Министерството за внатрешни работи и Граничната полиција.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

73 пратеници за 11 месеци лани инкасирале 360.00 евра за патни трошоци, рекордери Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди

Редакција

Куќен притвор за маж кој преку Фејсбук му се заканувал на градоначалникот на Кавадарци

Редакција

Жан Митрев ги демантира обвинувањата за наводен скандал со детската кардиохирургија

Редакција