еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија станува Северна Македонија: Што ќе се менува во Уставот и Преамбулата

Во Собранието на пленарна седница денеска почнува третата, финална фаза за уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа.

Како што е познато најсуштинската промена предвидена со овие измени е промена на името на државата Македонија во Северна Македонија.

Тоа е предвидено со првиот амандман, од вкупно четири, кои ги изготви Владата, која е предлагач на уставните измени.

За да истите поминат во финалната фаза повторно, како и на стартот на процесот се потребни гласови на најмалку 80 пратеници.

Што пишува во четирите амандмани?

Со првиот амандман е предвидено во македонскиот Устав „Република Македонија“ да се замени со „Република Северна Македонија“, а „Македонија“ да се замени со „Северна Македонија“.

Зборот „Македонија“, останува само во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на: „посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

Со вториот амандман во Преамбулата на Уставот зборовите: „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите: „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.

Во третиот амандман стои дека „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.

Четвртиот амандман се однесува на иселениците и во него се предвидува републиката да ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ ќе исклучува нови пратеници ако гласат за уставните измени

Двотретинското мнозинство неизвесно: Почнува финалната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа

Кои се предлагачите: Поднесени 10 амандмани на предлог-амандманите на Уставот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драматичен раст: 325 нови случаи на Ковид-19 од 5.959 тестирања, најмногу во Скопје и Тетово

Редакција

(Видео) „Не сме виделе сонце со недели, не можете да замислете низ што се поминавме“: Евакуирани стотици цивили од фабриката Азовстал

Редакција

Македонец ненадејно починал во Германија, потребни се средства да се донесе во Свети Николе

Редакција