еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се предлагачите: Поднесени 10 амандмани на предлог-амандманите на Уставот

До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале 10 амандмани на предлог-амандманите на Уставот и тоа шест од Алијанса на Албанците, три од Беса и еден од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Независните со поднесениот амандман предлагаат во амнадманот 33 во член 1 под ставот 2 да се додаде нов став 3 со кој називот Република Северна Македонија да е само за меѓународна употреба.

Поднесени се и два амандмана на Законот за спроведување на Уставот, по еден од БЕСА и од СДСМ.

По исклучок амандмани на текстот на предлогот на амандманите на Уставот, предлагачот може да поднесе до заклучување на претресот само заради усогласување на текстот на предлогот на амандманите кои се измениле поради усвојување на некој амандман, од оние кои биле поднесени во законскиот рок.

Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на текстот на предлогот на амандмание на Уставот, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Пратеникот во текот на претресот по амандман на текстот на предлогот на амандман на Уставот може да говори само еднаш во траење од 10 минути.

Координатор на пратеничката група или еден пратеник определен од пратеничката група или од координаторот на пратеничката група во претрес по амандман може да говори само еднаш во траење од 15 минути. Претставникот на предлагачот може да говори само еднаш во траење од пет минути.

Само подносителот на амандманот на текстот на предлогот на амандманот на Уставот може да даде образложение и да говори по амандманот во времетраење од вкупно 10 минути, а доколку подносители на амандман се двајца или повеќе пратеници само еден од подносителите може да даде образложение и да говори по амандманот во времетраење од вкупно 10 минути.

Амандманите што ги поднел предлагачот и амандманите со кои тој се согласил се сметаат за составен дел на текстот на предлогот на амандманот на Уставот. Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници го утврдува предлогот на секој амандман одделно.

За донесување на уставните амандмани потребно е да гласаат најмалку 80 пратеници.

На текстот на предлогот на амандманите на Уставот, кои денеска треба да се најдат на пленарна седница, предлагачот, секој пратеник, работно тело и Владата кога не е предлагач, можеа да поднесат амандмани најдоцна осум дена пред седницата на Собранието на која ќе се усвојуваат.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ ќе исклучува нови пратеници ако гласат за уставните измени

Македонија станува Северна Македонија: Што ќе се менува во Уставот и Преамбулата

Двотретинското мнозинство неизвесно: Почнува финалната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа

Што прифати Заев од барањата на Алијансата за Албанците за уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пристигнати две понуди: Повикот за снабдување со природен гас завршува денеска

Редакција

Судот ја одби жалбата на ВМРО ДПМНЕ за одмрзнување на имотот на партијата

Редакција

19 деца болни од Ковид-19 се хоспитализирани во Козле, едно е на кислородна поддршка

Редакција