еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските и картичните кредити

Анализирано од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, во декември е остварен месечен раст од 0,7% и 1,3%, соодветно, кој на годишно основа изнесува 11,1% и 15,2%, соодветно, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички во декември забележаа месечен пад од 0,2% и 0,9%, соодветно, при истовремено годишно намалување од 1,3% и 0,3%, соодветно.

Во последниот месец од годината, кај негативните салда на тековните сметки е евидентирано сезонско месечно намалување од 9,0%, додека на годишна основа е забележан раст од 5,7%.

Кредитите одобрени врз други основи, во однос на ноември годинава, незначително се намалија за 0,1%, но сепак анализирано на годишно ниво остварија раст од 0,9%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на депозитите и кредитите на корпоративниот сектор

Зголемување на штедните влогови и кредитите на граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид лани имал 232 нови вработувања

Редакција

Повеќе од 15 илјади лица исчезнати во војната во Украина, велат од Меѓународната комисија за исчезнати лица

Редакција

(Галерија) Кунстхале Виена беше претесен да ги собере сите посетители кои дојдоа да ја видат солидарната колекција на МСУ

Редакција