еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеникот Љупчо Димовски ќе остане без пратеничкиот имунитет

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со пет гласа „за“ и четири „против“ го прифати барањето за одобрување притвор за пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, и му предлага на Собранието на Република Македонија да го одобри.

Поранешениот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник, Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил ексминистерот и актуелен пратеник, Љупчо Димовски

Кој е Љупчо Димовски

Притвор за Цветков и Делев, куќен притвор за Спасеновски, за Димовски дополнително ќе се одлучува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на реномираната „Вуд енд компани“: Акцијата на „Алкалоид“ вреди злато и треба да се чува

Редакција

ЈП „Железница-инфраструктура“ вработува 15 лица, плата до 27.378 денари

Редакција

Мажот од Стајковци што ги уби братот и снаата доби 20 години затвор

Редакција