Регионалните медиуми со голем интерес ја покриваат ратификацијата на пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО во грчкиот Парламент.
„Балканот доби нова држава“, „Грција го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО“, „Грчкиот Парламент прв го одобри Протоколот за членство на Македонија во НАТО„…се само дел од насловите во српските, бугарските, хрватските, албанските…медиуми.
Освен што известуваат за гласањето и тензичната атмосфера во грчкиот Парламент за време на истото, голем дел од медиумите ја објаснуваат и понатамошната процедура со која Македонија и официјално за неколку дена ќе стане Република Северна Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција прва го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО