еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Дојде време културните работници да плачат по власта на ВМРО-ДПМНЕ и Ганка

Не престануваат реакциите во јавноста по контроверзната распределба на средствата на Министерството за култура од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области.

Кутруните работници со право реагираат дека на конкурсите има очигледно фаворизирање по етничка основа, а заборавени се и реномирани културни манифестации какви што се Скопскиот џез фестивал, Офф фест и други.

Истовремено, според доделените средства се чини дека Тетово годинава со право може да го понесе епитетот културна престолнина на Македонија со оглед на тоа што на листите добитници доминираат претставници од овој град.

Тоа што премиерот Зоран Заев најави поништување на дел од постапката само покажува дека средствата биле “делени од ракав“ и е потврда дека уметничните и културните вредности биле последниот критериум при доделување на парите.

Реакции од културните работници имало и во минатото, но никогаш во ваква мера, што само води кон впечатокот дека какви и да беа пропустите на минатата Влада тие допрва ќе „плачат“ по ВМРО-ДПМНЕ и поранешната министерка Ганка Самоиловска Цветановска кои одвојуваа огромни средства од буџетот за поддршка на проектите од културата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Заев најави дека дел од конкурсот на Министерството за култура ќе биде поништен

И Белопета во шок: Реномираниот „Скопски џез фестивал“ не доби пари од Министерство за култура

Кои се претседателите на комисиите кои одлучуваа за скандалозната распределба на пари во Министерството за култура?

Се јави министерот Адеми: Не сум вршел притисок при изборот на проекти од Годишната програма на Министерството за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ана Павловска-Данева стана уставен судија

Редакција

Вкупно до сега 3.977: Починаа уште 37 заболени од Ковид-19

Редакција

Ковид-19 пандемијата предизвика лани да имаме рекорден број на починати, најмногу од 1995 година па наваму

Редакција