еМагазин
Image default
Македонија

Непотизмот на „најјако“: Синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска вработен во ЕЛЕМ

Пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска позната во јавноста по рекордните патни трошоци во износ од 12 илјади евра, според информациите до кои дојдовме и ги добивме ќе се радува и на вработувањето на својот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ кому денес му е прв работен ден, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Дали е точно дека Виктор Стојчевски своето вработување во ЕЛЕМ го заслужил со навредливите коментари упатени кон граѓаните кои ги нарекуваше „хибернирани кретени по улиците на Скопје“ или пак бил најдобар кандидат затоа што мајка му креваше рака за промена на името, покачувањето на акцизите или отворањето на измислени места за заменици директори во јавните претпријатија?

Зошто власта го сокри ова вработување? Јавноста треба да знае дали синот на Мира – или така позната како Мира- изел е вработен на јавен конкурс? Уште колку кандидати биле пријавени за ова работно место? Во што бил синот на Мира – дизел подобар од останатите кандидати?“, праша Арсовски.

Тој додаде дека илјадниците евра кои граѓаните годишно и ги даваат на Мира Стојчевска, сега ќе бидат дополнети со прилично солидна плата кој што ќе ја зема нејзиниот син. Тоа е за СДСМ и Зоран Заев борба против непотизмот и корупцијата во Република Македонија.

„Токму заради ваквиот однос на Зоран Заев и СДСМ, над 400.000 граѓани живеат во тешка беда и сиромаштија, помасовно од кога било, а Македонија тоне на листите на Транспаренси Интернешнл.

Уште за колку вработувања на синови, ќерки, мајки и сестри ќе разбере јавноста во наредниот период. Само да потсетиме во сите овие случаи за непотизам се работи за огромни плати и хонорари кои се далеку повисоки од просечната плата која што ја земаат граѓаните.

Само за потсетување како владата го третира буџетот и јавното претпријатие ЕЛЕМ. Од досега познатите факти своите најблиски во ЕЛЕМ ги згрижија Мирослав Грчев, Асаф Адеми и Талат Џафери“, додаде Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕЛЕМ потврди дека кај нив е вработен синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска

Твитер бара да се прогласи епидемија на непотизам: „Добро утро ВладаМК, чиј син, сват, ќерка, жена ќе вработите денес?“

Манчевски за непотизмот во државните институции: Каде да одат членовите на СДСМ, треба ја напуштат државата?

„Поради дефицит на кадри баџанакот на Талат го ставиле за член на Антикорупциска“ : Твитер се „вжешти“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Знаете ли што пишува во Рамковниот договор?

Редакција

Хеликоптер на МВР се урна на аеродромот во Скопје, едно лице лесно повредено

Редакција

Од Ковид-19 починаа 35 лица, најмладите на возраст од 34,35 и 39 години

Редакција