еМагазин
Image default
Македонија

За Антикорупциска нема судир на интереси во изборот на нејзиниот заменик-претседател Бајрами, баџанакот на Џафери

Нема судир на интерес во изборот на Нури Бајрами за член на Државната комисија за спречување на корупцијата, кој е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери, одлучи Комисијата на денешната седница.

Според претседателката на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, според член 8, став 4 од Законот за спречување на конфликт на интереси под поимот блиски лица се смета сватовство до втор степен.

-Согласно тоа што за сватовство до втор степен се сметаат родителите на брачниот другар и брат или сестра на брачниот другар, сметаме дека не станува збор за конфликт на интереси. Со оглед на тоа дека со законот не се опфатени сите состојби, ќе се изврши проверка на законите со цел да се спречат вакви ситуации, рече Ивановска.

Со жреб по случаен избор на денешната седница, што беше отворена за медиумите, Бајрами беше избран заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

На крајот на седницата Бајрами кажа дека не крие ништо, бидејќи целата постапка била транспарентна. Конкурирав, рече, затоа што конкурсто беше јавен како и постапката, и затоа што имам искуство кое можам да го пренесам. Тој додаде дека доколку почувствува дека не може да направи доволно или е пречка за комисијата може да се изземе или повлече.

-Можам да Ви гарантирам, не сум по партиска линија тука. Не не сум ничиј линк. Жена ми работи во приватен сектор, син ми се отсели од државата поради ова што се случува. Не сум тука да им служам на политичките партии. Пливав во тие води и последните десет години се обидувам строго со никого да не контактирам. Следете ме и држете ме за збор. За мене нема блиски роднини или пријатели, не може никој да влијае, рече Бајрами.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Дескоска тоа што баџанакот на Џафери стана член на Антикорупциска не е спорно

„Поради дефицит на кадри баџанакот на Талат го ставиле за член на Антикорупциска“ : Твитер се „вжешти“

Аџанак баџанак: Килав старт на Антикорупциската комисија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворен пунктот за вакцинирање против Ковид-19 во Кочани, граѓаните се препраќаат во Штип

Редакција

Бранко Црвенковски „без ракавици“ од Копаоник: Ние ќе имаме избори бидејќи ЕУ не држи до својот збор

Редакција

Трета доза може да примаат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

Редакција