еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) 97 години СКМ: Наградени Алкалоид, Андреја Јосифовски, Хари Костов…

Стопанската комора на Македонија (СКМ) одбележа 97 години од постоењето.

Во рамки на обележувањето беа доделени и награди на најуспешните бизнисмени и компании.

Алкалоид АД – Скопје доби награда за компанија за најголеми реализирани инвестиции во земјата, а Џонсон Мети ДООЕЛ – Скопје, награда за компанија најголем нето извозник.

Награда за долгогодишна коморска активност доби Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка АД – Скопје, а награди за успешни сопственици добија Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на Макпетрол АД – Скопје и Мите Шапковски, основач и сопственик на Металопромет ДООЕЛ – Струмица.

Компанијата Сеавус ДООЕЛ – Скопје пак доби награда за успешна компанија.

Фото: СКМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 156 случаи на Ковид-19 од 1.309 тестирања

Редакција

Да го вратиме звукот во светот на Дамјан

Редакција

Таравари денеска се среќава со Мицковски по што ќе биде познато дали останува во Владата

Редакција