еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Зоолошка градина Скопје- прва институција оспособена за лица со оштетен вид

Денеска, директорот на Зоолошка градина-Скопје, Ѓорѓи Галетановски, одржа работен состанок со директорот на државното училиште за деца и младинци со оштетен вид-Горанчо Јакимов, секретарот на Национален сојуз на слепи, Стерија Димов, и професорот на Штуловиот универзитет, Шпетим Љатифи.

На средбата било договорено заеднички да се отпочне процес за зоолошката да биде целосно адаптирана за посета на оваа категорија на лица.

„Мислам дека ќе бидеме прва Зоолошка во Европа која ќе биде оспособена на ваков начин, а имаме и општествена одговорност заеднички да се заложиме оваа институција да биде адаптирана за луѓето со оштетен вид, бидејќи и тие ни се чести и добредојдени гости. Ќе поставиме специјални тактилни патеки, информативни табли со звуци и Браево писмо и ќе ги обучиме нашите кадри за нивна едукација“, изјави Галетановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов успех на македонските фудбалери: Победа над Естонија со 2:1

Редакција

Се спојуваат ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп и Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп

Редакција

Војната во Украина можеби нема да заврши, туку ќе замрзне како во Кореја, смета Борел

Редакција