еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Видео) Прекрасна приказна за животот на монасите од Бигорскиот манастир

„Среде пустинската убост“ е насловот на видео-записот подготвен од стручни тимови составени од директори на фотографија, продуцент, монтажер и режисер, кои веќе извесен период наназад присуствуваа во Бигорското светилиште, трудејќи се вешто да го уловат и стават на камера секојдневниот монашки живот во Обителта, информираа од Бигорскиот манастир на својот Фејсбук-профил.

„Станува збор за песна која е своевиден приказ на монашкото секојдневие, составена од светогорски монах, што Бигорското братство успеа да ја преведе и препее, создавајќи композиција која што плени со прекрасните стихови што ја искажуваат длабочината на монашкиот живот, и со топлата архаична мелодија успешно го пренесува мистичниот амбиент во кој живее и се движи монахот“, велат од Бигорски.

Режисер и монтажер на видеото е Горан Костадинов, камера Кристијан Теодороц и Александар Ивановски, дрон Дарко Данаилов.

Фото/Видео: Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема договор меѓу приватниот превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје, Градот засега нема пари за подмирување на долговите

Редакција

Највисоки просечни нето-плати во март

Редакција

Се затвора аеродромот во Охрид поради коронавирусот

Редакција