еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Спасовски: Дел од исчезнатите, завршуваат како самоубиства

Ниту има случај на киднапирање, ниту, пак, на лицата што во последните неколку случаи си го одземаа животот им недостигале органи. Тоа го потврди судска медицина. Во Северна Република Македонија нема ниту еден случај на убиство поради вадење органи, потенцира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој уште еднаш најостро ги демантираше информациите и шпекулациите во кои се злоупотребуваат актуелните случаи на исчезнати лица.

-Категорично ги отфрлам шпекулациите за наводни киднапери и наводна продажба на човечки органи. Тоа се лаги и дезинформации, рече министерот.

Тој посочи дека со вакви лаги и дезинформации се наштетува на општеството и на граѓаните, на кои навистина им треба помош.

Апелираше граѓаните да бидат спокојни и да не наседнуваат на ваквите лаги и како апсолутно неточни ги оцени наводите дека расте бројот на исчезнати лица.

-Напротив, статистичките податоци покажуваат дека во 2018 година имало 370 пријавени исчезнати лица, а на пример во 2014 имало 574, истакна Спасовски.

Министерот нагласи дека секој граѓани може да ја провери и верификува информацијата која се лиферува во јавноста и апелираше до граѓаните тоа да го прават од официјални извори и да не придонесуваат за ширење паники и вознемиреност.

Потенцира дека во континуитет во изминативе пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94 проценти.

-Како родител сочувствувам со секој родител чие дете е исчезнато и ги уверувам нив и сите родители во Република Северна Македонија дека овие истраги се третираат со целосна сериозност и посветеност, нагласи Спасовски.

На оние што, како што рече, шират лажни и со ништо непоткрепени приказни за трговија со човечки органи им порача „не помагате“. Истакна дека дел од овие случаи за жал понекогаш завршуваат како самоубиство што имало во последниот преиод и додаде дека во тие случаи важно е да се почитува приватноста на семејствата место да се прави спектакл од нивната тага и болка.

Во ширењето на овие лажни информации и шпекулации учествува одредена структура на луѓе, најчесто тоа го прават од политички побуди, но и поради други интереси.

-Многу е лесно да седнете пред компјутер и да напиште што било и со тоа во јавноста да кренете паника, рече Спасовски и нагласи оти имало случај и со поранешен началник на МВР кој објавил статус на социјалните мрежи во врска со исчезнатите лица и наводното вадење на органи, но потоа го повлекол статусот.

Тој им се заблагодари на медиумите кои имаат професионален пристап во овие случаи, но, како што рече, со жалење констатира дека има одредени структури на новинари за кои сензацијата е многу поважна од нашиот заеднички спокој и мир.

-Апелирам секој со својата одговорност правилно да придонесе за информирање на јавноста, рече министерот за внатрешни работи.

МВР има протокол што е предвиден за постапување во случаи на исчезнати лица, како се врши тоа барање и тоа се стандарди што не се почитуваат само во земјава, туку и надвор од неа.

Министерот нагласи дека фактите говорат дека во најголемот број случаи исчезнатите лица се пријавуват, а потоа самите семејства набрзо ги повлекуваат пријавите.

На прашањето дали тој 24 часовен период, кога полицијата реагира во случај на исчезнување на лице може да се скрати кога станува збор за деца, Спасовски рече дека МВР ги користи сите ресурси и капацитети за да може што е можно побрзо да се реагира во секој случај.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски со препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица

„Не збори со непознати“, така ги испративме децата утрово на школо

Спасовски демантира дека луѓе се наоѓаат без органи и гарантира за безбедноста на граѓаните

МВР ги повикува граѓаните да не потпаѓаат на шпекулации со кои се шири паника и страв

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) На прозорците на зградата на Влада се чува млеко, изгледа немаат фрижидер

Редакција

Жолта алертна фаза во целата земја, температурата до 38 степени

Редакција

Доктор Лазаров: „Мама и тато во диско или кафана без маска, децата во школо со маска и отворен прозор“

Редакција